Ова не е нopмално: Град колку тениско топче yништи се’ во оваа мала општина – yништено земјоделие, иcпокpшени автомобили (Фото)

Големо невреме ја зафати општина Лозово. Градоначалникот Бошко Цветковски преку социјалните мрежи алармира дека сѐ е уништено.

-Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат жителите на Лозово. 100% уништено… Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници… сѐ, напиша Цветковски на Фејсбук.

Претходно министерот за земјоделство, Љупчо Николовски објави дека по предупредувањата на Управата за хидро-метеоролошки работи извршено било авионско засејување на градоносни облаци.

-Преку навремената реакција на #УХМР со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци. Ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви, напиша Николовски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.