Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на новиот тренер Роналд Куман му соопштил дека сака да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми.
Каталонски “RAC1” пренесува дека Меси го скратил својот одмор за да разговара со Куман и да му соопшти дека не ја гледа својата иднина во Барселона.
По именувањето за тренер на Барселона, Куман ја нагласи одлучноста да го задржи Меси на Ноу Камп.
Договорот на Меси истекува следното лето.