Младиот Аргентинец Габиел Хередиа и неговата приказна за успехот стана хит во медиумите во целиот свет.
20-годишниот Габриел е роден без раце, но тоа не го спречило да го исполни својот сон и да стане успешен бербер. Почнал да се занимава со овој занает кога имал 14 години, а го инспирирала неговата мајка, фризерка.
Почнал да вежба, да ги следи светските трендови и со упорност станал успешен. Тој иако со хендикеп, научил да вози велосипед, мотор ,па дури и автомобил. Завршил редовно училиште со голема помош на неговите соученици.
Неговото семејство му помогнало да го отвори својот прв салон во местото Сан Исидоро. Од тогаш,станал најпознат бербер во Аргентина.