Ова мало ангелче има потреба од сите нас: Донирајте за 8-годишниот Александар од Прилеп

8-годишниот Александар Николоски од Прилеп има потреба да се лекува во странство.

Александар треба да прима имуноглобулинска терапија еднаш во месецот , во рок од 6 месеци. Третманите се многу скапи. Само еден третман со имуноглобулинска терапија чини 6 000 евра,а треба истата да ја прима 6 пати. За сите овие третмани и лабораториските испитувања се потребни 40 000 евра, средства кои семејството не е во можност сами да ги обезбедат.

Родителите на Александар ги замолуваат сите хумани граѓани да им помогнат во оваа борба за здравјето на нивното чедо.

Можете да донирате на следните телефонски броеви:

За корисниците на А1 (143-555)

За корисниците на Телеком (143-163)

Или на следната жиро сметка: 250029000130851 на име Николоска Анета, со назнака за донација (Шпаркасе банка)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.