Автоматски рампи се инсталирани на раскрсниците во центарот на Вухан во кинеската провинција Хубеи, за да ги спречат пешаците да поминуваат на црвено светло. А ако ги прекршат правилата, лицето веднаш ќе им се појави на големиот екран. Рампите, слични на оние во влезовите на подземните железници, поставени се во близина на трговскиот центар.
Рампите се дел од проектот “Да се охрабрат пешаците да ги почитуваат правилата”. Тие се синхронизирани со семафорите и се затвораат на црвено светло, а се отвораат на зелено. Тие се уште во фаза на тестирање, па ако ова се покаже добро, ќе бидат понудени и на други места.
Ф.Г.