Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до Бојан Јовановкси на 16. Април. Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала Вилма уште на 16. Април ако пријавата е направена на 2. Мај? Кој му ги дал доказите на Заев, пишува пораталот Курир.
Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени.
Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне.