Ова е понижување на комуналните работници: Еден јa фрлил јогата пред општина, други оставиле купишта картони на секое ќоше во чаршијата

Најлесно е вака…. фрли кај ќе стигнеш, ви е гајле….друг ќе му го бери гајлето… Нели, затоа земаат плата?! Е се додека поединци се водат од тоа дека некој зема плата за нив да им ги чисте сите гадости, ќе сме сите на работ од бездната како општество.

Од ЈКП Комуналец информираат дека за овој вид отпад се собира од домовите секој четврток со бесплатната линија. Потребно било само несовесниот граѓанин да се јавел на 048/ 428 992 и како на господин непотребната јога ќе му се земе од домот.

Додека пак за купиштата картони низ чаршијата, од ова јавно претпријатие напишаа:

-Во Старата чаршија, но и по булеварските пешачки патеки ќе се сопнете на купишта картони исфрлени од одредени дуќанџии. Иако истите имаат екстра дневна услуга со подигање на отпадот од дуќаните, навика е одредени дуќанџии купишта картон и друг вид на отпад да исфрлаат до кантите за отпадоци наменети за минувачите. Истите се ослободуваат од отпадот пред затворање на дуќанот, кога знаат дека интервентната смена од комуналните работници работи до 19 часот. Сликата е секојдневна до 05:00 часот наутро, кога доаѓа утринската смена комунални работници и кои наместо да се грижат за хигиената на улиците, тротоарите и плоштадите, тие се грижат да се ослободат од создадениот отпад од одредени бизнисмени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.