Пигкасо не е обично прасе. Тој во 2016 година бил спасен од кланицата од Џоан Лефсон, активистска и основач на “Фарма засолниште”, организација од Јужна Африка која се грижи за животните. Необичното име го добил поради неговиот “талент”, Пигкасо е талентиран за сликање.
Пигкасо сака да слика во боја и полека со четката да поминува на платното. Ова прасе е толку барано што сега има и сопствена галерија, а луѓето за неговите слики плаќаат и до 1.800 евра, пренесува modernfarmer.com.
Ф.Г.