Доживотниот претседател на СФРЛ, Сојузот на комунистите на Југославија и врховен командант на вооружените сили Јосип Броз Тито умрел на денешен ден пред 38 години. И додека некои луѓе се сеќаваат на него со носталгија, други не ги забораваат ригорозните одредби кои постоеле во таа држава.
Општина Прилеп денес го одбележа овој ден во Участокот.
Стремеж кон Европската Унија и оддавање на почит кон “старите добри комунистички вредности”. Каков апсурд !
Заедничко за така наречените списоци на неподобни, монтирани обвиненија, забранети книги, списанија, весници, театарски претстави и филмови, е озлогласениот член 133 од Кривичниот законик на СФРЈ од 1976 година.
Овој член го дефинирал “вербалниот деликт”.
“Кој со натпис, летоци, цртеж, говор или на друг начин повикува или поттикнува на соборување на власта на работничката класа, на противуставна промена на социјалистичкото самоуправно уредување, на разбивање на братството и единството и рамноправноста на народот…ќе се казни со казна затвор до 10 години”.
Според „Пописот на казненици на општествено корисна работа и осуденици по ИБ-то“, изработен од страна на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, на Голи Оток биле затворени 16.101 лица, од кои 15.173 мажи и 928 жени.
Сепак, овој попис не се смета за целосен. Според друг извор, на Голи Оток и во другите логори низ Југославија за време на Информбирото биле затворени над 1.000 граѓани од Македонија. Помеѓу попознатите Македонци што биле затворени на Голи оток се: Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Никола Кљусев, Владимир Полежиноски, Ангеле Петковски, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Борис Гонев, Никола Транталовски и други.
Како држава која сака да се движи кон Европската Унија и да ги прифати сите европски вредности кои ги носи унијата со себе, треба да се срамиме што сме биле дел од таква заробена држава, а не да се сеќаваме со носталгија.
Стотици Македонци ги загубиле животите поради членот 133 – да не се заборави !