ОВА Е НОВОТО КИНЕСКО ЧУДО: Патувањето од еден час скратено на само 14 минути (ВИДЕО)

Линијата на супербрзиот воз кој вози кон континенталниот дел на Кина е отворена вчера во Хонгконг, со што патувањето кое траело еден час сега е скратено на само 14 минути.

Изградбата на супербрзата линија траела повеќе од 8 години и чинела 10,7 милијарди долари.

Овој нов систем дневно ќе превезува околу 80.100 патници од финансискиот центар на Азија, кој брои 8 милиони луѓе, до средиштето за производство, провинцијата Гуангдонг.

Претходно патувањето помеѓу овие два града траело четири пати повеќе.

За патување од Хонгконг до Гванжу Саут ќе бидат потребни 47 минути (142км), а до Шенжен Норт, само 19 минути.

Преку оваа линија патниците ќе бидат поврзани со 25.000 километри долгата кинеска мрежа на брза железница која сообраќа до 44 дестинации, меѓу кои се и Шангај, Пекинг и западниот град Сијан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.