Според најновите податоци на Еуростат, најскапата земја во Европа е Исланд.
Цените во оваа земја минатата година биле дури 56% повеќе од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.
На пример, пица во исландски ресторан кошта околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7 евра. Вечера за двајца кошта околу 85 евра, шише вино во продавница е 17 евра, а табле јајца чини 5 евра.
Сепак, просечната бруто плата на едно постојано вработено лице изнесува околу 4.500 евра. Киријата за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.
Кога е во прашање регионот, најскапа е Хрватска.
Словенија се наоѓа на 19 месето, Црна Гора на 30-то, Србија на 31-во, БиХ на 34-то место, а Македонија е на 36-то.
Вака изгледа листата на земји од најскапи кон најевтини за живеење во Европа:
Исланд, Швајцарија, Норвешка…
Данска, Ирска, Луксембург…
Финска, Шведска, Велика Британија…
Холандија, Белгија, Франција…
Австрија, Германија, Италија…
Шпанија, Кипар, Португалија…
Словенија, Грција, Малта…
Естонија, Летонија, Чешка…
Словачка, Хрватска, Литванија…
Унгарија, Полска, Црна Гора…
Србија, Албанија, Романија, БиХ, Бугарија, Македонија, Турција…