Штутгарт ширум светот е познат како “колевка за автомобили”, а според истражувањата тоа е градот со најмалку стрес.
Интересно е тоа што меѓу 20 метрополи во кои се живее со најмалку стрес, најмногу се германски.
Најважните фактори при изборот на градовите со најмалку стрес биле – висината на платата, нивото на невработеност, квалитетот на сообраќај, менталното здравје на жителите, бројот на зелени површини, нивото на kpиминал и бројот на сончеви часови.
Покрај Штутгарт на листата се најдоа уште и: Хановер, Берн, Минхен, Бордо, Единбург, Сиднеј, Хамбург, Грац, Цирих, Сиетел, Велингтон, Осло, Хелсинки…