Ова е гласот на градот херој! Моќна слика и моќни пораки вечерва од патриотски Прилеп (ФОТО+ВИДЕО)

Најмасовен граѓански марш “За заедничка Македонија” во Прилеп.

BeFunky Collage

Под паролата “За заедничка Македонија” и декорот на црвено-жолтата боја на македонското сонце, прилепчани вечерва најмасовно до сега откако се одвиваат мирните протести, излегоа на градските улици и го кренаа гласот, го кренаа гласот за татковината, за зачувување на мајчиниот јазик, за зачувување на унитарноста на државата.

Грмеше градот херој од јуначките чекори на илјадници прилепчани. Се чувствуваше бунтот во нивните лица и треперот во нивните срца.

Желбата на прилепчани за зачувување на државата огромна, а тоа го докажуваат со секоја вечер се помасовните маршови.

dav

dav

dav

Протестот во Прилеп вечерва го предводеа стотина земјоделци со нивната механизација и на овој начин го изразија својот револт кон СДСМ за спреченоста да им бидат исплатени заслужените субвенции.

dav

dav

dav

dav

Од споменикот на “Прилепските бранители” до комплексот “Карпалак” се тресеше земјата, ечеше од грлата на илјадници патриоти и вљубени во татковината граѓани.

dav

dav

dav

dav

dav

Интонирањето на државната химна, дополнително ги стопли срцата, а пред прилепчани со моќен говор се обрати и универзитетската професорка по историја Виолета Ачкоска.

Пред илјадниците граѓани се обрати и Данчо Милески, претстедател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, кој ја пренесе поддршката од земјоделците тутунари за “Заедничка Македонија”.

Протестите во Прилеп продолжуваат и утре, на истата локација, во 18 часот, пред хотел “Липа”.

 

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.