Со шест победи и само еден пораз на стартот од сезоната, екипата на прилепски Мега Баскет е на само бод од врвот на табелата во Првата кошаркарска лига, а викендов е повторно во фаворитска улога.
Во недела со почеток од 19:00 часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, прилепчани го пречекуваат Тетекс кој е на претпоследното место со 8 освоени бода.
Прилепчани веруваат дека ќе продолжат во победнички ритам, а целта е прилепска екипа по долги години повторно да заигра во Суперлигашкото друштво.
Ден порано, во сабота (13.12.) со почеток од 19:00 часот, игра и младинската екипа на Мега Баскет, која во ова коло го пречекува Пелистер. Одлична можност да ги поддржиме двете прилепски екипи, кои бараат полната трибина во “Добре Јованоски” да биде нивни сојузник кон нови триумфи.

























