“Браво! Конечно младите Македонци од егејскиот дел го креваат својот глас за почитување на нивните основни човекови права и слободи!
Софија Поурдас, потпретседателот на младинската организација на Виножито, присуствуваше на пролетната конференција од велшката партијата Plaid Cymru. Таа e активист и борец за македонското малцинство во Грција. За време на конференцијата на Plaid Cymru таа оствари средба со повеќе британски и европски политичари и ги запозна со проблемите со кои се соочува македонското малцинство во Грција”, пишува на Фејсбук страната “Млади за Македонија”.