Лихтенштајн, минијатурна држава со речиси 40.000 жители, сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, е една од најбогатите држави на светот со успешна економија, и покрај тоа што е многу мала земја со недостатока на природни ресурси.
Од средината на 20 век Лихтенштајн од воглавно земјоделска земја се трансформира во глобален центар за работа. Во нивната економија доминира услужниот сектор со голем број мали и средни компании.
За тоа пред се е заслужна даночната политика. Вскушност, оваа земја со години е даночна оаза, нешто што привлекло бројни странски инвестиции.
Ниски даноци – данокот на добивка е 12,5 % – како и едноставното основање на компанија привлекло многу инвеститори кои започнале со работа токму во Лихтенштајн, па приходите од овие компании сега сочинуваат 30% од држаниот буџет.
Лихтенштајн е во царинска унија со Швајцарија и како валута користи швајцарски франк. Бидејќи се мала земја без природни ресурси, повеќе од 90% од потребите за енергија ги намируваат преку увоз.
Од 1995 година, Лихтенштајн е членка на Европскиот економски простор и Владата работи на усогласување на економските политики со оние кои се присутни во Европската унија.
Интересно е што повеќе од половината на работната сила секојдневно доаѓа во Лихтенштајн од соседните земји, како што се Швајцарија, Австрија и Германија.
Од 2008 години оваа земја се најде под засилен притисок, најмногу од Германија и САД, поради нетранспарентност на даночниот и банкарскиот систем, односно јаките банкарски тајни.
Бројот на вработени е речиси ист со бројот на жители, околу 38.000. Невработеноста е многу ниска и изнесува помалку од 2%.
Жителите на Лихтенштајн имаат многу висок животен стандард и едни од највисоките плати во Европа. Просечната плата, во зависност од секторот, се движи од 3.500 до 9.000 швајцарски франци.