Владата на Шведска започнала да испраќа летоци на адресата на 4.8 милиони домаќинства со упатства “во случај на војна”.
Ова прв пат по половина век Швеѓаните да даваат конкретни упатства што треба да се направи во случај на воена состојба.
Во брошурите на дванаесет страници “Во случај на криза или војна” се препорачува снабдување на доволни количини намирници, вода и огрев, знакови за узбуна и локации за засолниште во случај на бомбардирање.