На 10 јуни 1991 година, малата Џејси Ли Дугалд се упатила кон автобуската станица како би отишла на училиште. Но тогаш здогледала како и се приближува автомобил. Тоа бил Филип Гаридо, нејзиниот киндапер.
Во наредните 18 години, Џејси живеела како робинка и родила две девојчина. Кога била пронајдена и ослободена, полицијата останала шокирана од условите во кои живеела.
Џејси е родена на 2 мај 1980 година. Таа била многу блиска со својата мајка Тери Пробин и помладата сестра. Тој ден таа подготвила ручек за на школо и ја носела својата омилена маица која и ја поклонила нејзината мајка.
Нејцзиниот очув ги видел киндаперите. Забележал како една жена излегла од автомобилот и го присилува девојчето да влезе внатре. Тој пробал да ги следи со велосипедот но не успеал.
Џејси сега е слободна и живее со својата мајка и нејзините две ќерки.