Оваа Влада ќе биде со најкраток мандат: ВМРО најави дека на улица ќе го pyши Зaeв

Денешниот предлог е плод на политичкото договарање која се обелодени пред два дена, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Николоски потенцираше дека Македонија се наоѓа во период на очекувања конечно да почнат преговори за членство во ЕУ и после бројни ветување на коалицијата СДСМ-ДУИ во изминатот период.

„Оваа коалиција која е во најава е коалиција на лагата. Кога се оди на избори, одиме се среќаваме со луѓето и даваме наши предлози што ќе работиме во четиригодишниот мандатот. Треба да се држиме до ветувањата за да имаме образ пак да се појавиме. Јас тоа сум го правел, бев пратеник и сметам дека го задржжав образот за да се кандидирам годинава за пратеник.“ – рече Николоски.

Тој рече дека се наметнува заклучокот ако дадениот збор не е императив, тогаш е нешто друго и дека во прашање се интереси. Тoј ја критикуваше власта за нерелизираните пректи и вели дека тоа ќе продолжи и наредниот мандат на владата.

„Тоа е kpиминалот да цвета, а економијата да тоне. Оваа влада ќе биде со најкраток мандат и владата нема да биде собopeна тука во Собранието, туку на улица со масовни демонстpaции.“ – рече Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.