Објавено најновото истражување: Луѓето кои го загубиле сетилото за мирис имаат антитела на кopoнавиpycoт

Четири од пет лица кои биле позитивни на Koвид-19 и кои го загубиле сетилото за мирис, имаат антитела на кopoнавиpycoт, покажува најновото истражување од Њујорк.

Пациентите кои биле позитивни на Koвид-19 кои не ги загубиле сетилата за вкус и мирис, всушност поминувале со многу потешка клиничка слика. Во исто време, четири од пет лица кои пријавиле губење на можноста за препознавање на вообичаени мириси, имаат позитивни тестови на антитела, што укажува на лесна, а со тоа и непрепозната инфекциja со кopoна.

Ова го покажа неодамнешното истражување на Клиниката за оториноларингологија и хирургија во рамките на медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Њујорк. И фактот дека губењето на чувството за вкус и мирис се јавува почесто кај пациенти со полесна клиничка слика, лекарите го забележаа во пракса.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.