ОБЈАВЕНИ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ: Андреа од Прилеп мора итно да замине за Турција, ИТНО сме потребни сите!

Фондацијата “Павел Андреев” објави иницијатива за собирање средства за млада прилепчанка, која мора итно да замине на операција на ногата во Турција. Андреа ќе замине за Турција за неколку дена, но сумата за операцијата се’ уште не е собрана, па потребни сме СИТЕ!

Апелот во продолжение е на нејзината мајка Мариче:

Почитувани хумани луѓе,

Ве молам да одвоите миг и да ја чуете приказната на мојата ќерка – Андреа. Таа има само 23 години, но последните пет ги поминува во болка и страдање. Пред пет години преживеа тешка сообраќајна несреќа – несреќа што ѝ го промени животот засекогаш. Се здоби со повеќе тешки скршеници на целото тело, а нејзината нога беше двапати оперирана. За жал, ниту една од операциите не беше успешна.

Денес, Андреа живее со секојдневни и постојани болки. Не може нормално да се движи, не може самостојно да ги извршува ниту наједноставните обврски. Новите лекарски наоди укажуваат на сериозни оштетувања на коската – толку сериозни што, ако не се направи итна и прецизна операција во странство, постои реална опасност нејзината нога да мора да се ампутира.

Јас сум самохрана мајка. Андреа ми е сè во животот. Знам дека не можам сама да се справам со трошоците за третманот, но не можам ниту да прифатам дека моето дете ќе остане без нога затоа што немаме пари.

Затоа, со сето срце Ве молам – помогнете ни. Бидете дел од приказната што ќе ја врати надежта и животот на едно младо девојче. Секој денар значи чекор поблиску до спас. Да не дозволиме парите да бидат причината што ова дете ќе изгуби дел од себе.

Со благодарност и надеж до сите вас хумани луѓе од Мариче мајката на Андреа!

За младата прилепчанка можете да донирате на следниот ЛИНК на фондацијата: https://pavelandreev.org/mk/campaign/idninata-za-andrea?fbclid=IwY2xjawJ-RMVleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFlQ3h4SHBhZjJONVJLNXRDAR5A96Rq4jV1rhRd1iWv8rjmp6366UxwqaWU0D0EJViaDtYRRxqFwtcl4fFGnA_aem_UMYPbEmo9yCQpY1ufAVOVQ

На телефонските броеви:

За корисниците на А1: 143 462

За корисниците на Телеком: 143 135

Или на трансакциската сметка на Комерцијална банка: 300027117206934




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.