Министерството за образование и наука преку Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации, започна со имплементација на грант програма за поддршка на заеднички проекти помеѓу средните стручни училишта и деловната заедница, а во насока на зајакнување на практичната обука на учениците и подобрување на нивните вештини кои на краток и среден рок ќе ја зголемат вработливоста на учениците по завршувањето на училиштето.
Целта е да се зголеми бројот на ученици кои преку изложеност на висококвалитетна обука, ќе се стекнат со технички и општествено-економски вештини, вклучително и претприемачки вештини, со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет и со тоа ќе се подобри нивната вработливост по завршување на средното образование.
СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, заедно со Бизнис Академија Смилевски, како партнер компанија, аплицираше и ја доби мерката Воспоставување на мали курсеви кои се темелат на учење преку решавање на проблеми.
Професори од Академијата ја спроведуваат обуката, проект „Бастион“ со ученици од II и III година. Во првата фаза од проектот беа опфатени 24 ученици од III година кои што ја завршија обуката, а во овој период во тек е обуката за втората група во која што се опфатени 24 ученици од II година.
Преку интерактивни, едукативни, интересни работилници учениците ќе се стекнат со развивање на вештини за тимско решавање на проблеми, следејќи го трендот за промоција на конкурентноста која е предмет за постојано промовирање и зајакнување на нашето општество и да се зацврсти кооперативноста како средство за засилување на капацитетот и изведба на тимот, а со тоа и на организациите.
\Учениците активно се вклучија во обуките и со задоволство ги посетуваат.