Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот наместа ќе достигнува брзина од околу 80 км/час. Локално се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините снег.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 14 степени.
Од понеделник се очекува стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.