Обиен стан на пратеничка од СДСМ

Домот на пратеничка на СДСМ вчера бил мета на крадци.

-И.С. пријавила дека на ул.Мирослав Крлежа во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот, е наведено во полицискиот билтен.

Курир побара појаснување од Министерството дали е нешто одземено од станот на пратеничката и колкава штета е причинета.

Оттаму истакнаа дека се уште се работи на случајот и утврдување на точната ситуација, па не можат прецизно да одговорат дали и што е украдено од станот.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.