Во полицијата во Прилеп синоќа Д.А. пријавил дека истиот ден околу 10 часот на местото „Леково“, додека со неговите браќа, со две запрежни возила, тргнале да собираат огревни дрва, го забележале 56-годишниот К.Т. од Прилеп, кој со себе носел ловна пушка и им приредил драма.
Според податоците од полицијата, К.Т. пукал кон Д.А. но не го погодил, па и по втор пат пукал со пушката и тогаш го погодил во пределот на десната надлактица, левата подлактица и левата нога, а потоа избегал.
Повредениот од страна на своите браќа, бил пренесен во болницата во Прилеп каде му биле констатирани телесни повреди. Полициски службеници го привеле насилникот и од истиот со потврда за привремено одземени предмети одземени му се една ловна пушка од руско производство, еден ловен карабин „Црвена Застава“, една ловна пушка од бугарско производство и два патрони.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.