Асошиејтед Прес пренесува дека не е сосема јасно зошто агентите се качија на бината и го опколија Доналд Трамп кој очигледно беше исплашен откако се слушна како некој од публиката вреска позади Трамп.
Четири агенти на тајната служба набрзина се качија на бината додека публиката скандираше „Трамп! Трамп! Трамп!“. А, набрзо потоа брзо се симнаа. Трамп не објасни за што се работи, но рече „Фала на предуредувањето. Бев спремен за нив, но многу е подобро кога полицајците ќе ги средат, нели?“.
Потоа го заврши говорот без инцидент.
Веднаш потоа, локалните медиуми во Охајо пренесоа дека Трамп го откажал митингот во Синсинати од безбедносни причини. Претходно го откажа и собирот во Чикаго откако илијадници собрани се поделија во два спротивни табори – поддржувачи и противници на неговата кандидатура.