ОБИДОТ ЗА ПУЧ ВО МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА БЕЈЛИ ТОП ТЕМА ВО САД: Најгледаната ТВ мрежа во САД со сторија за пучот на Бејли во Македонија!

Најгледаната телевизија во САД, „Фокс Њуз“ во пет минутна репортажа објавува за истражувањето на „Џудишал Воч“ и тужбата против УСАИД и Стејт департментот. Крис Ферол, одговорен за истраги од „Џудишал Воч“ објаснува дека со наредба на суд, Стејт департментот и УСАИД ќе мора да им ја обезбедат сета документација, електронската пошта, одобренијата, објаснување како се трошени парите, бидејќи тоа се пари на американските граѓани и тие должат објаснување што се случило со нив.

fox_Soros

Прилогот почнува со објаснување дека има нови детали кои ја поврзуваат администрацијата на Претседателот Барак Обама со Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос. „Џудишал Воч“ сега покренува постапка против УСАИД и Стејт дипартментот, за информации кои како што велат дека ќе покажат дека 5 милиони долари се дадени на Соросовите организации, пари кои се примарно потрошени за да ја дестабилизираат Македонската демократско избрана десноцентристичка Влада.

Според водителот, има многу за дискусија во новиот случај на „Џудишал Воч“, шпионскиот скандал на Обама, како и вмешаноста на „deep state“.

Ферол запрашан што со дадените 5 милиони долари во Македонија и тренингот кој Сорос го организирал за младите во државата, вели дека амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој е човек на Обама е се уште на функција, се уште ги претставува САД во Македонија, тој е близок со луѓето на Сорос.

-Ова е лудо колку што звучи. Што всушност правиме давајќи ги нашите даночни пари на Џорџ Сорос и неговите левичарски оперативци и тој потрошил дел од тие пари за да ја преведе книгата на Соул Алински „Прирачник за радикали“ , како би можеле овие младински групи да ја дестабилизираат и нападнат демократско избраната Влада таму. Амбасадорот на САД, Бејли, кој е човек на Обама е сеуште на функција, сеуште го претстава САД во Македонија, тој е близок со луѓето на Сорос. Ние ги побаравме сите докази за комуникацијата, финансирањето, програмите за тоа како парите се трошени, бидејќи ние неможеме да поверуваме зошто би испратиле и 3 центи во Сорос фондацијата во Македонија, вели Ферол.

На прашањето дали би можеле да најдат некаков вид на докази, Ферол со став дека ќе мора да им се обезбеди целата документација.

– Секако, апсолутно, тоа го правиме најдобро, да најдеме државни записи, во овој случај со наредба на суд, Стејт департментот, УСАИД ќе мора да ни ја обезбедат сета документација, електронската пошта, одобренијата, објаснување како се трошени парите, бидејќи тоа се ваши пари и тие должат објаснување што се случило со нив, заклучува Ферол.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.