Обезбедувањето во ГОБ „8-ми Септември“ го спречува Мицкоски, не му дозволуваат да го посети Јанакиески (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигна во ГОБ „8-ми септември“ со цел да го посети претепаниот Миле Јанакиески.

Поранешниот министер се здоби со повреди откако денес беше нападнат во притворското одделение во затворот во Шутка.

На Мицкоски не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески.

Обезбедувачите побараа дополнително засилено обезбедување, со цел да го забранат пристапот до Јанакиески.

Освен Јанакиески, денес беше претепан и Спиро Ристовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.