Обвинителството поведе постапка против 47-годишна гостиварчанка: Преземала фотографии од Фејсбукот на малолетничка и ги објавувала на својот профил

Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварчанка за која постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил.

Како што стои во соопштението од Јавното обвинителство, на така преземените фотографии, осомничената додавала недолични и лажни коментари, кои што предизвикале чувство на омаловажување на малолетничката и нејзината мајка.

Осомничената се товари дека го сторила кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ поради тоа што, како што се маведува во соопштението, без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати ги сторила горенаведените активности казниви според член 149 став 1 од Кривичниот законик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.