Нејзе ја паметиме по прекрасните изведби на македонски песни од планинските височини, а сега испеа песна и со малата Лена.
-Садам здраво семе / здрави фиданки – зошто сакам дебела сенка во подоцнежни години! Ова е Лена – има само 5 години 🙂 Се декларира како мој фан, во слободно време ги слуша и ги знае сите песни што ги пејам а тоа е неизмерна радост за мене, па ја користам приликата што ми ја дава со близина за едукација (здрави програми и насоки). За едно 10тина години од сега, ви ветувам ново видео каде ќе сме на иста голема сцена заедно (… ќе пееме традиционална музика, се разбира! Убав ден ви сакаме со “Ој ти момче Охриѓанче”, напиша Зарина Првасевда на својот Фејсбук профил.