Нajмалата внyка на Гoцe Дeлчeв: Гoцe ќe ce пpeвpтe во гpoбoт aкo дoзнae … тoj и нeгoвaтa фамилиja беа пocветени само на Мaкeдониja (Видео)

Катерина Трајкова Нурџиева е македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево.

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.

Завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.

Во јавноста се’ уште е актуелна веста за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање е ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за “добрососедство” помеѓу двете земји разговараат за историјата.

Исто така темата деновиве се актуелизира и после ставот на Денко Малески, инаку советник на претседателот Пендаровски и прв министер за надворешни работи, кој за бугарска телевизија истакна дека Гоце Делчев е Бугарин.

„Чувајте го чисто името, не дозволувајте некој да го присвојува. Чувајте го и чувајте ги зборовите на Гоце, вистинските зборови на еден прекрасен човек кој му беше посветен на народот”, вели внуката на револуционерот во видеото и додава дека тој бил подготвен да умpe за својата земја и токму тоа и се случило.

Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот рев олуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година две години изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.