Нуди работа за плата од 9.000 евра и три месеци одмор, но никој не му ја прифаќа

Рурален општ лекар во Нов Зеланд нуди 115.000 eвра годишна плата, односно над 9.000 евра месечна, за да привлече болничар кој би му помагал во работата. Меѓутоа, по две години отворен оглас, работното место сè уште му стои празно.

nz-520x293

Д-р Алан Кени е еден од сопствениците на медицинска ординација во градот Вајкато на еден од новозеландските острови каде што населението изнесува 13.600 жители. Лекарот потекнува од Обединетото Кралство, а за медиумите изјавува дека има премногу работа и постојано е принуден да откажува одмори бидејќи не може да најде замена или помошник.

– Може да понудам навистина, навистина добра заработувачка: неверојатна е. Мојата работа експлодираше изминативе неколку години и колку повеќе пациенти запишувате толку повеќе пари добивате. Но навистина е премногу на крајот на денот и не може да се постигна, вели лекарот.

Пред две години, ќерката на Кени работела како лекар во ординацијата за да му помогне, а сега тој е единствениот лекар од Нов Зеланд кој работи таму. Освен платата, Кени им нуди на кандидатите и три месеци одмор во годината, без ноќни смени или работа за викенди и половина од акциите од ординацијата со 6.000 пациенти.

Властите велат дека поголемиот дел од руралните ординации се пополнети со странски дипломци по медицина. Просечната плата за еден рурален лекар изнесува од 150.000 до 280.000 долари годишно, а потребни се две-три години за пополнување на едно работно место.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.