Ноќ во хотел за едно евро, но постои само еден услов

Јапонскиот хотел „Бизнис рјокан асахи” во градот Фукуока нуди ноќевање по цена од 130 јени (едно евро), но под услов – престојот во собата да биде пренесуван во живо на интернет, на Јутјуб и другите социјални мрежи.

За пријавување, не мора да се биде познат јутјубер, инфлуенсер, јавна личност, и не мора да правите шоу за привлекување внимание додека сте во хотелската соба. Тоа просто, значи разменување на својата приватност за евтина хотелска соба.

Таа сепак, не е луксузна. Уредена е во традиционален јапонски стил и е со помалку мебел.

Камерите во собата снимаат непрекинато и нема „мртви агли“. Тоалетот и туш-кабината се еден кат подолу. Гостите не смеат да бидат голи, ниту да покажуваат егзибиционистички склоности. Во спротивно, договорот не важи. Дозволено е да се изгаси светлото за време на спиење. Преносот е без звук, зашто управата сака да ги задржи авторските права.

Клучното прашање е – зошто хотелот нуди ваков пакет? Раководството вели дека собата број 8 е најмалку резервирана во целиот хотел и, мислат дека вака таа ќе стане попопуларна и побарана.

Извор: “Република.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.