Александар Сергеевич Залдастанов попознат под неговиот надимак „Хирург“, кој е еден од лидерите на моторџиската група „Ноќни волци“, вчера преку видео честиташе „Ослободување на Доњецк и Луганск“ и му честиташе на Путин за храброста.
На снимката во седиштето на „Ноќни волци“ се гледаат собрани членови на групата кои ги чекаат вестите од рускиот претседател.
– Почитуван Владимир Владимирович, од распадот на Советскиот Сојуз војната е на нашиот праг. Ние ви помагавме во најстојувањето да ги избркате непријателите. Таму, во Донбас, се нашите браќа и пријатели. Ние не сме политичка партија и не претендираме на власт. Како граѓани на Русија го поздравуваме овој потег – рече Залдастанов.
Тој вели дека „Ноќни волци“ се спремни да заминат секаде каде што се потребни во одбрана на Донбас.
Залдастанов од Путин го доби „Орденот на честа“ во 2013 година.