Носталгија: Северина на 13 степени и силен дожд во јули приреди спектакл во Прилеп (Фото/Видео)

Поради пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт, оваа година не се одржа фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, Пиво Фест.

Затоа секогаш е убаво да се потсетиме на спектаклуарните фестивалски вечери кога во Прилеп доаѓаа илјадници гости од сите краишта на државата, па и од Балканот и дијаспората.

На финалето од петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пиво Фест 2017”, настапи балканската мега ѕвезда Северина.

Иако беше средината на јули, температурата таа вечер беше само 13 степени, а врнеше и силен дожд. Сепак, Северина приреди шоу за паметење, а концертот го следеа илјадници луѓе.

Фестивалот го оправда мотото “Едноставно најдобри”, под кое се одвиваше таа година, и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

Северина енергично ги отпеа сите нејзини хитови, а покрај тоа одлично изгледаше. Облечена во пинк комбилизон со кратки пантолончиња, ја воодушеви илјадната публика.

Во продолжение погледнете дел од концертот и атмосферата:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.