Носеше фустан стар 6 години, а ги засени сите млади колешки на Оскарите (Фото)

Холивудската актерка Џејн Фонда во фустан стар шест години за засени помладите колешки на годинашното доделување на наградите Оскар.

Фонда синоќа го доделуваше Оскарот за најдобар филм, облечена во фустанот од Ели Сааб кој го носеше на Канскиот филмски фестивал во 2014 година. Изминатите години Фонда беше русокоса, но синоќа во театарот „Долби“ се појави природната боја на косата – седа и многумина беа одушевени со овој потег на актерката.

Седата коса е нормална и природна појава, но често не е во склад со холивудските стандарди на убавина.

-Ништо не е поважно од подигнување на свеста, зарем не?

Така таа го почна говорот, а публиката ја поздави со силен аплауз.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.