Викедов во Грција се одржа Националниот шампионат FIS каде што учествуваше и нордиската екипа од Македонија. Првиот ден се натпреваруваа на трката спринт на 1,200 м, на која што Стваре Јада остана до финалето каде што се соочи со тројца Грци, но на крај од трката сепак ги победи.
Вториот ден натпреваувањето беше на трка на 10 км, на кои Јада направи значаен резултат кој ќе му влијае за остварување на А олимписка норма за Олимписките игри во PYEONG CHANG 2018 во Кореа.
На Јада му престојат уште неколку балкански трки во Бугарија, ние го бодриме и му посакуваме уште многу успеси.