Ноне Неделковска го откачи црномурестиот Рајан, па сега заведува со фотки на Инстаграм

Ноне Неделковска веќе извесен период е сингл и ужива во слободата. Пензионираната пејачка неодамна го откачи црномурестото момче Рајан со кого беше заедно неколку години, а наместо да тагува, Ноне по цел ден си се фотка за „Инстаграм“ и позира на егзотични дестинациии кои ги посетува благодарение на крузерот на кој што работи.

Ноне од брод реши да се префрли на копно, барем на некое време и тоа во душата на Шпанија, во преубавата Валенсија.

Бидејќи е голем љубител на животните, таа одлучи да ја посети неверојатната зоошошка градина „Биопарк“ и со своите следбеници на социјалните мрежи да сподели фотографии и видеа од доживувањето.

Чувство што не може да се опише со зборови ниту слика. Каков ден!, напиша некогашната пејачка во описот на една од фотографиите.

Меѓу поввеќето објави се најде и таква која ги насмеа сите оние што го посетија профилот на Ноне.

Имено, таа направи снимка од тоа како две големи желки имаат чин на парење, а пак Ноне не ги остави во приватност додека водат љубов и напиша: „Слушнете го нивниот звук кога водат љубов“.

Доколку не се имале можност да ја посетите оваа зоолошка градина, ѕирнете како изгледа преку фотографиите на Ноне Неделковска.

Погледнете повеќе на нејзиниот профил ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.