Светскиот тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека не само што е голем тенисер, туку и човек со големо срце.
Популарниот Ноле преку видео порака донесе љубов и насмевки кај Петар Мијалков, дете со аутизам од Македонија.
-Здраво Петре, Пецо, како си? Ти испраќам голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека исто така наскоро ќе се видиме во живо и се запознаеме. Те сакам многу и многу те гушкам. Чувај се, вели Ѓоковиќ во својата видео порака.
Таткото на Петар, Зоран Мијалков, кој воедно е основач на здружение за помош на децата со аутизам во Македонија, испрати голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер, туку пред сѐ човек со голема душа и срце.
-Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш, напиша таткото на Твитер.
Насмеан легна да спие pic.twitter.com/3rYupUHzrQ
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) November 3, 2020
Голема благодарност за Ноле @DjokerNole кој не само што е најдобриот тенисер туку е пред сѐ Човек со голема душа и срце
Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш
?? Силата на Љубовта pic.twitter.com/V7tsIlfgs8
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) November 3, 2020