Како што објавува Klix.ba, пукањето го извршил малолетен ученич, кого полицијата го уапсила.
Инцидентот се случил околу девет часот изутрина во основното училиште во Лукавац, неофицијално, тешко повредена е професорката по англиски јазик Н.О.
За Klix.ba од УКЦ Тузла потврдуваат дека е хоспитализирана пациентката Н.О. со прострелна рана во пределот на вратот. Во моментов е во тек операција.
Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.
Неофицијално дознаваме дека се работи за ученик кој поради лошо однесување бил преместен од едно во друго основно училиште.