Премиерот Никола Груевски денес најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“ кој што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски.
Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година.
-Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје кој ќе се вика „Мајка Тереза“ . Исиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци но и странци, изјави Груевски.
Премиерот истакна дека овој универзитет покрај интернационалноста и мутинационалноста ќе внесе еден нов квалитет во високото образование во Македонија.
Универзитетот ќе има 5 единици од кои најголем дел за технички науки. Станува збор за следните единици: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки.
Министерството за образование и наука исто така предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна Илинден.