Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во која членуваат припадници на Армијата на Република Македонија, особено припадниците на специјалните единици, реагираат на одлуката на Владата за укинување на дополнителните бодови со што нивните примања значително се намалуваат.
Од синдикатот реагираат дека Владата на ден 22.01.2019 година донела „ Уредба за престанување на важењето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“, со која од 05.02.2019 година се Укинува „Уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“ донесена на ден 27.08.2012 година.
“Тоа значи дека на припадниците на одредени единици од АРМ им се укинува законското право на дополнителни бодови, иако според Законот за Служба на Армијата на Република Македонија, член 153, тоа им следува.
Затоа СОБ изврши консултации со нашите правни застапници, и за понатамошните активности кои што ќе ги преземе раководството на СОБ ќе бидете известени преку претседателите на Регионалните синдикални организации и преку социјалните мрежи т.е преку нашата ФБ страница”.
Со оваа одлука, Владата им го ускратува правото на припадниците на Специјални сили да добивват дополнителни бодови и ги порамнува со останатие припадници од обични армиски одреди и администрација.
Со оваа одлука се фрла уште една црна дамка на Министерството за одбрана и Армијата во однос на третманот на бранителите, притоа обезвреднувајќи ги нивните дополнителни напори и работа во однос на безбедноста на државата и справување со специфични задачи како и посветеноста и обуките кои овие единици постојано ги имаат.
Извор: kurir.mk