Нов светски тренд: Торти за прослава на развод (Фото галерија)

Во случај да не сте слушнале или наишле на новиот тренд на социјалните мрежи – овие денови се слават и разводите.

Реално, зошто уживањето во тортите да биде ограничено на вообичаените свечени настани? Разводот за многу луѓе е добар чекор напред, кон поинаков живот. Па, зошто тогаш да не се прослави почетокот на новото поглавје?

Сега кога знаете дека тортите за разводи се вистинска работа, време е и да фрлите поглед колку луѓето биле креативни и колку, всушност, сакале да го обележат овој стресен настан, па сепак, да го претворат во нешто позитивно.

Можеби делува смешно, но доколку вие поминувате ни развод, или некој ваш близок, обележувањето на овој настан може да ви донесе се што ви е потребно: неопходен заклучок, растоварување, момент кога ќе исфрлите сѐ од себе, радување за новата фаза во животот, наздравување и за лошите и за убавите работи што ги оставате зад себе… а, сето тоа со омилениот десерт.

Затоа, погледнете ги овие неверојатни торти за развод, кои ако ништо друго, барем ќе ве насмеат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.