Нов протест пред Влада на вработените во Еврокомпозит- бараат исплата на заостанатите 18 плати

Пред Владата се поставени четири шатори на вработени во државната фирма Еврокомпозит кои што бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.

„Еврокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници.

Единствено „Еврокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 вработени во фирмата сега остана околу 280 вработени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.