Нов потрес! После Охрид, се тресе тлото и околу Кичево

После синоќешните неколку потреси во околината на Охрид, вечерва забележан помал земјотрес и во околината на Кичево.

Според www.emsc-csem.org, земјотресот е со јачина од 2,5 степени и е на длабочина од 5 км, а епицентарот е на 13 км јужно од Вранештица.

Синоќа пак, малку посилни потреси почувствуваа жителите на Охрид.

Сеизмолозите денеска смируваа дека потресите се слаби и нема потреба граѓаните да бидат загрижени.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.