Шеснаесеттото коло во фудбалската Прва лига донесе нов или трет последователен пораз за Победа.
Како домаќини црвено-белите беа поразени од Шкендија со 0:2, а победата тетовчани ја обезбедија во последните 16 минути од натпреварот кога најпрво стрелаше Бејтулаи во 74-та, а потоа и Емини во 88-та минута.
Со овој пораз Победа е на само три бода од самото дно, а само подобрата гол разлика ја држи на 7-то место на табелата.
Победа со 17 бода е изедначена со Беласица и Македонија Ѓорче Петров, а веќе во следното коло има гостување кај Вардар.
Иако на стартот од сезоната се ветуваше многу, се чини дека нешто не штима во прилепскиот миленик.
Резултатите се лоши, состојбата со реновирањето на градскиот стадион “Гоце Делчев” не е ниту на повидок да мрдне од мртва точка, а низ чаршијата се шири муабет дека фудбалерите немаат примено плата…