Подрачното ОУ „Круме Волнароски“ доби нов покрив. Извршена е замена на стариот покрив со нов. Вредноста на оваа инвестиција чини еден милион денари средства обезбедени од Локалната самоуправа.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието. Според директорот на училиштето Дејан Бунтески како идни проекти ги најави: уредување и заградување на дворот и парк со реквизити за децата.