Нов планинарски клуб во Прилеп: “Мамути” e шанса за сите млади вљубеници во природата

15856955_1440828165951591_1603724257_o

Група млади ентузијасти и вљубеници во природата од Прилеп, од неодамна го оформија новиот планинарски клуб “Мамути”.

Клубот е формиран поради големата заинтересираност, особено на младите планинари и љубители на планинарството, но и се поголемиот интерес од повозрасната популација.

До сега клубот организираше  голем број на тури, на кои присуствувале голем број на љубители од сите генерации, не само од градов туку и пошироко, од Битола, Охрид, Неготино, Велес, Штип…

Планинарските тури најчесто се одржуваат во државата, но се планираат и тури надвор од границите на Македонија.

До сега искачени се тури на највисокиот врв на Балканот – Мусала (2925м.н.в.) во Бугарија  и искачување на врвот Кајмакчалан (2521м.н.в.), од грчка страна, со посета на Лутраки и Воден.

15170977_1295164013859184_3724425391398078240_n

15171047_1295166160525636_4020375551671636767_n

15267616_1295168680525384_5002913529572447644_n

Оваа година планирани се голем број на тури, од кои надвор од државата е искачување на Олимп со врвот Митикас (2917 м.н.в.) и искачување на врвовите Вихрен (2912м.н.в.) и Тодорка (2746 м.н.в.) на планината Пирин во Бугарија.

Планинарскиот клуб “Maмути” исто така, наредниот месец (23.04), во чест на човекот кој го градеше домот на Селечка Планина – чичко Томе Темелкоски, организира 20 километарска планинарска тура.

Стартот на турата е закажан во 08:00 ч. од манастирот Св.Димитриј – с.Селце, каде е и крајната точка.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.