Нов директор и во Градинките “Наша Иднина” Прилеп: Претходниот директор се враќа на позицијата книговодител

Откако осамна информацијата за промена на директорското место во ЈКП “Комуналец” Прилеп, нов вршител на должност доби и јавната општинска установа детски градинки “Наша иднина”.

На местото на досегашниот вршител на должност Орде Тодороски, кој беше сменет пред Нова Година, именувана е Бети Спиркоска која доаѓа од позицијата раководител на градинката во населбата „Аличаир“.

Оваа институција во текот на изминатата 2018 година ја следеа низа скандали за кои објавуваа медиумите, а најголем потрес предизвика скандалот со “партиските списоци за сместување на деца”.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

“Наместо оставка за партиските списоци во градинките, директорот засадува јаготки?? Што значат шифрите: ТЕНДЕРИ, ЗАТВОР, УЈП, МИЛЕ, ВАЛЕНТИН??”

Скандали се случуваа и со огласите за вработување.

И во овој случај, како и во случајот со промената во ЈКП “Koмуналец”, недостасува објаснување од општина Прилеп зошто е сменет досегашниот директор Орде Тодороски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.