На 18.12.2016 год. во неделата во Штип, во организација на БК “Пинк Пантер” од Штип и Боксерската Федерација на Македонија, се одржа меморијалниот турнир во бокс “Јордан Мијалков”.
“На овој турнир зеде учество нашиот боксер Менан Амедоски. Оваа беше финална борба од државното првенство што се одржа во Битола на 07 и 08 декември оваа година. Да напоменам дека Менан Амедоски од БК “АС”-Прилеп во кадетска конкуренција до 63 кг. на државното првенство во Битола, во четврт финалето со 3:0 го победи Марко Стојановски од БК “Универзалци” –Скопје, а полу финалната борба ја славеше со технички нокаут во третата рунда против Ристе Ристов од БК “Пинк Пантер” – Штип”, истакна Дарко Чатлески, тренер на БК “АС” – Прилеп.
Меѓународниот меморијален турнир “Јордан Мијалков ” беше организиран на високо ниво. Учество зедоја боксери од Македонија, Србија и Косово. Боксерот на БК “АС” Meнан Амедоски се натпреваруваше против Рамо Казимов од БК “ПЕЛИСТЕР”- Битола.
“Првата рунда двајцата боксери се испитуваа . Втората рунда може да се каже дека беше неизвесна за судиите . Третата рунда нашиот боксер очигледно имаше повеќе предност во бодови од противникот. Но, на крајот судиската одлука од 2:1 беше доделена на Рамо Казинов. Амедоски се закити со сребрен медал на ова државно првенство. Ова е голем успех за нашите борци што го обележавме оваа година. Мислам дека наредната година ќе направиме поголеми успеси во бокс и кик-бокс. После новогодишните и Божиќните празници, почнуваме со припреми за нови успеси”, додаде Чатлески.